Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шетале по позната плажа и наишле на нешто ужасно- веднаш повикале полиција (ВИДЕО)

28 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Официјалните лица излегле на терен, околу седум часот наутро, и пронашле откорната човечка нога во песокот, пишува Daily Mail.

 „Немаме причина да веруваме дека откритието е поврзано со какво било прекршување на законот“, изјави капетанот Арон Белда.

Во овој момент не е извршена идентификација, а ангажирани се специјализирани екипи со кучиња за пребарување на поширокиот простор.

Шокантното откритие доаѓа еден ден откако кај брегот на Палос Вердес беше пронајден чамецот на двајца исчезнати рибари. Тие излегле на море во понеделникот вечерта, а властите биле повикани во вторник наутро - затоа што не се вратиле дома.

Организиран е претрес, а по 30 минути е пронајден нивниот чамец. Полицијата употребила глисери, скутери и дронови за да ги лоцира рибарите, но потрагата била прекината поради лошите временски услови.

Крајбрежната стража се откажала од операцијата во средата, бидејќи немало индиции дека несреќните луѓе се живи.

Полицијата не пронашла докази кои би укажувале дека пронајдената нога му припаѓа на еден од двајцата рибари, јавуваат локалните медиуми.

„Не е извршена идентификација и немаме информации што би укажале дека двата случаи се поврзани“, соопштено е.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ