Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Јун Сук-Јол: Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана за глобалната безбедност

29 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Јужнокорејскиот лидер ја даде својата изјава откако вчера Пентагон соопшти дека Северна Кореја веќе испратила 10.000 свои војници во Русија.

-Оваа незаконска соработка меѓу Русија и Северна Кореја е сериозна закана за безбедноста на меѓународната заедница и може да претставува сериозен ризик за нашата национална безбедност, рече Јун.

Претходно, јужнокорејскиот претседател во телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека севернокорејските војници би можеле да бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина побрзо од очекуваното.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ