Во Казахстан е на сила вонредна состојба поради поплави, додека повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани, објави Ројтерс.
Поради поплавите досега се изгубени околу 16.000 тони нафта, бидејќи производството е прекинато.
Воздушните снимки покажуваат огромни области на Казахстан под вода, со некои куќи потопени до покривот.
Работниците и волонтерите во градовите Уралск и Атирау учествуваа во изградбата на брани и бариери за заштита на станбени, земјоделски и индустриски области од вода.
Казахстанското министерство за енергетика соопшти дека одбранбените ѕидови високи меѓу два и 2,5 метри биле изградени околу нафтената рафинерија во Атирау, која се наоѓа во близина на реката Урал.
Официјални лица рекоа дека се изградени доволно резерви на гориво низ Казахстан.