„Бројот на жртви е премногу голем“, рече Остин на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, коментирајќи ја воената операција на Израел во Појасот Газа.
„Разговарав со мојот колега во повеќе наврати и ги охрабрувам да бидат поконкретни и да се погрижат да ги заштитат цивилите на бојното поле“, рече тој.
„Израел мора да стори сé што е можно за да ги минимизира цивилните жртви во борбената зона. Постигнувањето воени цели и заштитата на цивилите во борбената зона не се меѓусебно исклучувачки“, рече Остин.
Тој нагласи дека милитантите на Хамас се мешаат со цивилното население и ги користат како жив штит, оценувајќи дека тоа е чин достоен за целосен презир.
„Заштитата на цивилното население е стратешки императив“, рече Остин.