Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Полицијата во Германија не простува на никого: Ѕвезда на Баерн возела под дејство на алкохол

30 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Баерн вечерва гостува кај Борусија Дортмунд во дербито од 12. коло од германската Бундес лига, а Дејвис е во центарот на вниманието поради тоа што се случи пред неколку дена.

Германските медиуми објавија дека Алфонсо Дејвис одлучил во средата навечер да излезе со своите пријатели, но сето тоа завршило неславно. Во раните утрински часови на патот накај неговиот дом го запрела полиција за рутинска проверка.

Иако веднаш го препознале сепак решиле да му направат алкотест, кој покажал дека канадскиот репрезентативец возел под дејство на алкохол, што секако е за осуда.

Медиумите во Германија пишуваат дека добил висока казна, а му ја одзеле возачката дозвола и не смеел да вози до својот дом. Дејвис не бил уапсен бидејќи неговиот пријател кој бил трезен добил дозвола од полицијата да го одвезе играчот на Баерн дома.

Исто така, се наведува дека Дејвис „дувнал“ 0,6 промили, а во Германија дозволено е да имате 0,5 промили алкохол во крвта.

Покрај паричната казна што ја доби, му беше одземена и возачката дозвола за еден месец, а доби и два казнени бода.

Дејвис истото утро без проблеми се појавил на тренингот на Баерн, кој со тимот отпатува за Дортмунд и ќе биде во конкуренција за денешниот натпревар против Борусија.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ