Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Официјално: Реал со спектакуларна промоција се пофали и со Ендрик! (ФОТО)

27 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 

Тоа само Реал Мадрид можеда го направи, тоа само Флорентино Перез може да го направи. Бразилцот Ендрик (18) од денеска и официјално е нов член на “кралевите“. Прво беше потпишан договорот, иако Ендрик и Реал тоа го направија уште пред две години, потоа тој позираше со Дон Флорентино со дресот со бр.16, за да потоа излезе на теренот на “Сантијаго Бернабеу“. Во тие моменти неговиот татко заплака од радост.

Се разбира дека не е мала работа твојот син да го облече дресотна најгламурозниот клуб во светот. Следуваше она вообичаеното добредојде од Перез.

Инаку Реал за Ендрик, ако се сметаат и бонусите, на Палмеирас му плати околу 60 милиони евра.

Мбапе, па Ендрик, кој е следен ова лето? Тоа го знае само Дон Флорентино.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ