Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Миовски и Џирона ја впишаа првата победа во ЛШ, шок за Јувентус, перфектна Астон Вила

22 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Екипата на Џирона ја впиша прват победа во својата клупска историја во најквалитетното европско клупско натпреварување. Вечерва на „Монтоливи“ е совладан словачкиот првак Слован Братислава со 2:0. Победата можеше да биде поубедлива ако Стуани погодеше од пенал во финишот.
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски почна од клупата, а влезе во игра во 24 минута по повредата на Иван Мартин. Гутиерез го доведе шпанскиот тим во предност во 42 минута.
Миовски имаше одлична шанса во 54 минута, а неговиот удар со глава го одбрани Такач.
Предноста од 2:0 домашните ја обезбедија во 73 минута. Хуанпе изведе слободен удар, а топката удри во некои од противничките играчи го смени правецот и заврши во голот. Во 88 минута голманот на Слован му го одбрани пеналот на Стуани.

А Астон Вила ја запиша и третата победа во ЛШ. По победите над Јанг Бојс (3:0) и Баерн (1:0), вечерва на домашен терен ја совлада и Болоња со 2:0. Супер старт на тимот од Бирмингем кој се враќа во елитата по долго време, а по три кола нема примено гол.
Мек Гин и Дуран ги постигнаа головите во второто полувреме.

А Јувентус на свој терен е поразен од Штутгарт. Голот падна во финишот на мечот и го постигна Туре. Претходно гол на Мален (Штутгарт) беше поништен поради игра со рака, а во вториот дел Милот промаши пенал.

РЕЗУЛТАТИ
МИЛАН – БРИЖ 3:1
МОНАКО – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 5:1
АРСЕНАЛ – ШАХТЈОР    1:0
АСТОН ВИЛА – БОЛОЊА    2:0
ЏИРОНА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА   2:0
ЈУВЕНТУС – ШТУТГАРТ   0:1
ПСЖ – ПСВ     1:1
РЕАЛ МАДРИД – БОРУСИЈА ДОРТМУНД     5:2
ШТУРМ – СПОРТИНГ 0:2

Standings provided by Sofascore

sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ