Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ: Миовски и Џирона го пречекуваат Слован, на “Бернабеу“ реприза од последното финале, Ц. Звезда гостува кај Монако!

22 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на Шампионите и тоа со девет натпревари од 3.коло. Секако дека за нас најинтересно ќе биде на мечот меѓу Џирона и Слован Братислава, и прашањето дали Бојан Миовски одново ќе биде стартер или пак ќе добие помала минутажа. Слован е тимот кој што во 1.квалификациско коло во ЛШ успеа да ја елиминира Струга ТЛ, нашиот претставник во квалифкациите во ЛШ летоска.

На “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид се среќаваат Реал Мадрид и Дортмунд, тоа ќе биде реприза од последното финале во ЛШ во кое на “Вембли“ тимот на Реал победи со 2:0. Дали Германците имаат сили за реванш.

Црвена Звезда гостува кај Монако, додека Јувентус на свој терен ќе ги одмери силите со Штутгарт.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од 3.коло закажани за вечерва:


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ