Комо и Монца одиграа без победник (ВИДЕО)

30.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комо и Монца одиграа без победник (ВИДЕО)

Во првиот дуел од денешната програма во Серија А, екипите на Комо и Монца одиграа без победник 1:1.  Домаќинот поведе со голот на Енгелхарт во 36. минута, но Капрари во 54. ги врати гостите во резултатски егал.

До крајот на дуелот и обата тима имаа по некоја ситуција пред противничкиот гол но не успеаа да реализираат, и со самото тоа да дојдат до трите бода.

И двата тима се со статус на давеници во моментов. Комо е 18 на табелата со 11 освоени бодови, додека пак, Монца е со поен помалку и место подолу на табелата.

Послаб тим од овие два е само тимот на Венеција кој е последнопласиран на табелата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата