Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Де Јонг не одговара на повиците на Барса за продолжување на договорот

26 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иднината на Френки де Јонгво составот на Барселона е сериозно доведена во прашање. Според новинарот Хавиер Мигел, играчот од средниот ред на Барселона ги игнорира повиците на клубот за продолжување на договорот, кој истекува во 2026 година. Клубот се помири со фактот дека нема да може да го продолжи договоро со него, па се чини дека ќе му дозволат и за пониска цена да го напушти клубот.

Следното лето Барса ќе мора да го продаде Холанѓанецот по ниска цена доколку не се склучи нов договор. И ова лето се шпекулираше со негово заминување од клубот, но Де Јонг ќе остане да одработи уште една година од договорот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ