Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоѓија Сајкоски, по повод денешниот празник беше во посета на Прилеп.
-Денес положивме свежо цвеќе кај меморијалниот комплекс – Могила на непобедените во Спомен-паркот на револуцијата во Прилеп, со што им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија и ни оставија аманет да ја чуваме сувереноста и независноста на татковината и да се бориме за подобра и посветла иднина, истакна Сајкоски и уште порача: „Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ.“