Денеска се случи
и трет обид за убиство на Раде Трајковски – Штекли, а тој е вон животна
опасност. Според информациите во дворот од семејната куќа му била фрлена
експлозивна направа.
Во експлозијата е
повреден Штекли и е пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“ за
укажување на помош. Директорот на болницата, Небојша Настов за „Слободен печат“
изјави дека сè уште траат испитувањата, но Штекли е вон животна опасност.
Полицијата во
моментов врши увид пред куќата на Штекли.
Домот на Штекли
се наоѓа зад трговскиот центар „Ист гејт“, каде што тој два пати беше мета на
напад.
Пред шест години името на Раде Трајковски викан Штекли беше поврзувано со убиството на
младиот фудбалер Мартин Јанушев. Но подоцна осомничен и обвинет беше Филип
Секуловски- Кобра.
Истиот во 2011-та година бил приведен и од италијанската
полиција поради поврзаност со местењето на натпревари во италијанската калчо
лига.
Заради малверзациите тој во текот на 2021-та година беше
уапсен во Белград.
Лани на крајот од
август, Штекли беше повторно мета во Ист гејт мол. Но, тогаш го спаси
блендираниот автомобил во кој се возел.
Пукањето од
страна на засега непознати лица, чие возило потоа е најдено запалено кај
езерото Треска, се толкува како порака што одредена криминална група сака да ја
испрати. Штекли не се поврзува со последните мафијашки убиства, но многу
индиции водат кон криминалната група „Барон“.
На социјалните
мрежи по претходниот обид за ликвидација Штекли објави фотографија од времето
на неговото лекување. На фотографијата можеа да се видат преврските во пределот
на неговиот граден кош по здобиените повреди од нападот. Тоа беше втор обид за
ликвидација на Штекли.
Случајот со
денешната експлозија по која тој заврши во болница се истражува.