<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Премиерот
Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна
трговија Тимчо Муцунски учествуваат на самитот на Европската политичка заедница
(ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Европската
политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за
иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во
октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од
Европскиот совет и Европската комисија.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">На самитот ќе
имам и свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и
меѓусебно поврзување,напиша Мицкоски.</span>