Денеска во македонската влада двата репрезентативни
синдикати на здравствените работници во Македонија постигнаа историски договор
со Владата на премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на платите на
вработените во здравствениот сектор.
-Постигнат е историски договор. Освен корекцијата на
коефициентите, зборуваме за зголемување за 10 насто на платите, од март месец
следната година имаме зголемување за нови 5 проценти на паричната маса која се
издвојува за здравствените работници. Следната 2026-та од 5 до 7 проценти, во
зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот. Се надеваме дека ќе биде
во здрава кондиција, работиме на тоа. Истото тоа зголемување од 5 до 7 проценти
ќе биде и во следната 2027-ма година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028-та
година.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Добиваме зголемување на
паричната маса од 40 до 50 проценти во следните неколку години, изјави на
прес-конференцијата претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски, кој
изрази огромно задоволство што може да биде дел од овој историски настан, како
и до синдикатите кои со свои идеи учествуваа во реализацијата на овој чин.
-За првпат во историјата се постигнува ваков договор кој на
долг рок ќе ги корегира платите на здравствените работници, изјави Мицкоски.
Огромно задоволство изразија и двајцата претставници на
репрезентативните синдикати на здравствените работници, кој овој историски чин
го оценија како резултат на работата на двата синдиката, премиерот Мицкоски,
министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и директорот на Фондот за
Здравство Клековски.
-Договорено е покачување на платите ќе биде силна мотивација
за здравствените работници, но и прв чекор во подобрувањето на здравтвената
грижа за сите граѓани, изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на
Самостојниот синдикат на клинички центар.
-Благодарност до премиерот и владата за реализацијата на
овој чин, со анексот на колективниот договор се корегираат коефициентите на
здравствените работници, со зголемување од 3.650 денари бруто или 2.450 нето на
плата, а кај медицинските сестри имаме корекција на платите од 5.700 бруто или
3.850 денари нето на плата, изјави д-р Љубиша Каранфиловски, претседател на
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.