Портпаролката, пратеничка и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во вечерашното гостување на емисијата Само Вистина на Канал 5, истакна дека состојбата во која е дојдена Македонија во односот со Бугарија е резултат на погрешно превземани политики на СДС.
"Ситуацијата не е настаната од вчера за денес. Не зборуваме ние за состојба која била совршена до вчера, а од денес не е совршена. Зборуваме за причинско последични состојби и дека состојбата во која сме дојдени е резултат на погрешно превземани политики на СДС," истакна Митева.
„Во делот на тоа што се случува помеѓу Бугарија и Македонија е состојба која ја предизвика СДС со погрешните политики”, додаде таа.
„Состојбите кои ги креира СДС од позиција на опозиција се тотално погрешни и користите политика за дневно политички поени без никаква суштина”, кажа Митева.
Митева истакна дека за разлика лд СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветена.
„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветено и ќе ја оправда довербата која на 8-ми мај ја доби од граѓаните”, заклучи Митева.