Пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска во Дејли клик на ТВ21 изјави дека и социјалдемократите ја поддржуваат идејата за укинување на балансерот, механизмот за правична и соодветна застапеност во јавната администрација.
И ние сме за укинување на балансерот. Балансерот мора да претстави соодветен систем на наградување, но со строги критериуми. Од друга страна, треба да оставиме Уставниот суд да ги носи одлуките и ниту една политичка партија да не се меша во донесувањето на оваа одлука, нагласи Лукаревска.