Министерството
за здравство во вторникот формирало Комисија за случајот со починатото
петгодишно дете, информираше денеска министерот Таравари.
– Со
директорот на Детска клиника утрово се слушнав повторно. Комисијата е формирана
во вторникот од Министерството за здравство. Уште еднаш ќе повторам дека сите
резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената
концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената
концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни
бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме
Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од
компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да
направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето – истакна
Таравари.
На
прес-конференција министерот соопшти дека во тек е процедурата за вработување
на првите 300 специјализанти кои беа ветени до крај на годината.
-Јас се
надевам дека до крајот на годината првите 300 ќе се вработат бидејќи има и
одлука на Владата, така што воопшто да не се сомневате во тоа дека целата
процедура тече и тоа го знаат специјализантите. Викнете неколку од нив и
зборувајте ќе ви кажат дека сепак има некаква процедура, а 300 други ќе се
вработат идната година и таков беше планот 300+300, меѓутоа и овие 600 нема д
бидат доволни за тоа колку недостасува медицински кадар – лекари и
средномедицински кадар во здравствениот систем – рече тој, како одговор на
новинарско прашање.
Притоа
додаде дека не можеле нешто што е проблематично повеќе од 5-10 години, да го
средат за 4-5 месеци.
– Меѓутоа
вие гледате дека преземаме чекори во правец на стабилизирање на здравствениот
систем, затоа се овие 600 специјализанти. Проблемот е 10 години, не е три или
четири месеци и ние го решаваме сега. И средномедицински кадар ви кажав дека до
крај на годината очекувам да донесеме одлука 1000 договорци, односно можеби и
повеќе од тоа да добијат решенија и да овозможиме повторно уште 100 од
средномедицинскиот кадар да бидат вработени со договор на дело во сите
здравствени установи, а дека има дефицит, не мора да ме прашате – посетете која
било болница ќе ви кажат дека секаде недостасува – нагласи Таравари.
За ДСЗИ рече дека си ја врши својата работа,
секојдневно е на терен и таму кај што треба и таму кај што се даваат одредени
директиви од Министерството за здравство. Така што, ниеден ден не им бил празен
и без обврски.