<span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">Д<span style="font-family:"Arial",sans-serif">елегацијата на Владата на Република
Северна Македонија, која ја сочинуваат вицепремиерот и министер за односи меѓу
заедниците Иван Стоилковиќ, вицепремиерот и министер за транспорт и врски
Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија
на Народното собрание на Република Србија Ана Брнабиќ.
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Претседателката
Брнабиќ во оваа прилика го изрази своето задоволство од посетата и <span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">упати
честитки за<span style="font-family:"Arial",sans-serif"> формирањето на
дека Македонија секогаш може да смета на искрена поддршка и партнерство од
Србија.
средбата се разговараше за можностите за натамошен развој на пријателските
односи, потпирајќи се на заедничката историја и блиските културни врски.
Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка, со заемно задоволство
што во Собранието на Република Северна Македонија е формирана парламентарна
група за пријателство со Србија. Оваа иницијатива дополнително ќе ги зајакне
политичките и дипломатските односи, обезбедувајќи нови можности за подобрување
на билатералниот дијалог.
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Претседателката
Брнабиќ го истакна значењето на Република Северна Македонија како економски
партнер на Србија, како на полето на надворешната трговска <span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">размена,
така <span style="font-family:"Arial",sans-serif">и<span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK"> во однос на<span style="font-family:"Arial",sans-serif"> инвестициска<span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">та<span style="font-family:"Arial",sans-serif"> соработка. Се разговараше и за
Протоколот потпишан во Скопје, кој овозможува воспоставување слободен пазар на
труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан, што ќе придонесе за
подобрување на деловното опкружување и решавање на проблемот со недостигот на
работна сила.
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Потпретседателот
Стоилковиќ, исто така, изрази задоволство од зајакнувањето на соработката и
истакна дека силните и постојани врски меѓу двата народи претставуваат солидна
основа за натамошно унапредување на соработката на сите нивоа. <span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">Д<span style="font-family:"Arial",sans-serif">одаде <span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">и <span style="font-family:"Arial",sans-serif">дека активно ќе работи на учество<span lang="MK" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">то<span style="font-family:"Arial",sans-serif"> на претстојниот светски изложбен настан
ЕКСПО 2027, што ќе биде уште еден важен чекор за подобрување на меѓусебните
односи и промоција на регионот.
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">На крајот од средбата беше заклучено
дека двете страни ќе се фокусираат на реализација на конкретни проекти и
иницијативи, со цел понатамошна интеграција и подобрување на односите меѓу
Србија и Северна Македонија, што ќе придонесе за регионалната стабилност и
просперитет.
<span lang="SR-CYRL-RS" style="font-family:"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:SR-CYRL-RS">По
Стоилковиќ имаше средба и со министерот за внатрешна и надворешна трговија
Томислав Момировиќ. На средбата уште еднаш се потврди заклучокот дека меѓу Р
Србија и РС Македонија нема отворени прашања и дека фокусот сега треба да се
стави на економијата. 
потенцираше поддршката за учеството на РС Македонија на ЕКСПО 2027. Исто така,
министерот Момировиќ ја иницираше потребата од средба на стопанските комори на
двете земји како приоритет во блиска иднина, што беше потврдено и од наша
страна.