По еден хеликоптер од Србија и Чешка, како и два
„ертрактори“ од Германија ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите во
земјава.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи
(ЦУК), леталата пристигнуваат како меѓународна помош обезбедена со механизмот
на ЕУ за цивилна заштита.
Од Србија, додаваат од ЦУК, утрово во 9:45 часот на
скопскиот аеродром веќе слетал еден хеликоптер „агуста бел 212“.
Вечерва, пак, се очекува да пристигне чешкиот хеликоптер
„блек хаук“ со капацитет на ведро од три тони.
За двата „ертрактори“ што се најавени од Германија, од ЦУК
велат дека дополнително ќе известат кога може да пристигнат.
Според информациите од ЦУК, во текот на вчерашниот ден имало
вкупно 66 пожари на отворен простор од кои 12 сè уште се активни, три се под
контрола, а 51 се изгаснати.