Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува
за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 06.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува
за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 06.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98
изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на
малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2024
година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50
ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на
(ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,273
ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на
највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од
06.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува
43,507 ден/кг.