Во плановите на инвеститорот, Форест Сити требаше да биде футуристички урбан центар во Џохор, еден од деветте малезиски султанати. Во истите тие планови, претставени во 2016 година, градот требаше да стане дом на 700.000 жители.
Денес, Форест Сити има население од околу 9.000 жители. Од градската врева нема ни трага, градот е морничаво тивок.
Откако започна изградбата, работите тргнаа надолу. Делумно поради промените на кинескиот пазар на капитал, од каде што требаше да дојдат најголемиот дел од планираните 100 милијарди долари за развој на градот, а делумно поради промените во малезиското законодавство, парите престанаа да доаѓаат и изградбата запре.
Неодамна Форест Сити го посети Јутјуберот Бен Морис, чие видео ја прикажува тажната состојба на градот кој требаше да биде скапоцен камен на Малезија. Прескап за домашните купувачи, а неисплатлив за кинеските инвеститори, квадратните метри станбен и деловен простор се празни, а неодамна стврднатиот бетон на зградата полека прераснува во бујна вегетација.
Во своето видео, Морис ја објаснува ситуацијата:
"Се шпекулира дека развојот и изградбата се запрени поради повеќе причини. Овој град е изграден за да се грижи за кинескиот пазар, така што купувачите таму ќе одлучат да купат имот во странство. Но, поранешниот премиер на Малезија воведе визни ограничувања за Кинезите купувачите да избегнат Форест Сити да стане град изграден за странци“.
Морис е еден од оние кои поминале ден-два во тој град на духови, но има многу луѓе кои требало да живеат и работат таму, но по некое време побегнале “со глава без обзир“
Еден од работниците во ИТ индустријата признал дека не може да издржи повеќе од шест месеци:
„Морничаво е чувството да се живее на тоа место, тишината убива. На крајот буквално избегав, се згрозив од самата помисла да одам повторно таму“.
Фото: Шутер