Беркшир Хатавеј,
предводен од Ворен Бафет, дополнително го намали својот удел во Банката на
Америка, покажуваат документите за акции.
Со ова овој
инвестициски гигант заработи повеќе од 10 милијарди долари од почетокот на
продажбата на акциите во јули.
Бафет, кој почна
да инвестира во втората по големина американска банка во 2011 година, имаше
удел од 13,1 отсто во вредност од околу 45 милијарди долари во јули. Последната
серија на продажби го намали тој удел на 10,1 отсто, пренесува Ројтерс.
Продажбата е
вознемирувачка за другите акционери на Банката на Америка, во време кога
изгледите за банкарската индустрија се неизвесни поради стравувањата од можна
рецесија во САД. Од првата продажба на Бафет во јули, акциите на Банката на
Америка изгубија речиси седум отсто од својата вредност.
За тоа време,
акциите на ЈП Морган, најголемата американска банка, пораснаа за 0,5 отсто.
Индексот на КБВ Банка во истиот период порасна за речиси два отсто. Кога еден
од водечките американски инвеститори продава, тоа предизвикува загриженост,
велат аналитичарите.
Почнувајќи од
2020 година, поради неговиот голем удел, Бафет стана инсајдер на компанијата
според американските регулативи, но тој никогаш не дејствуваше како активен
инвеститор. Аналитичарите велат дека понатамошната продажба на нејзините акции
може да додаде дополнителен притисок врз акциите. Бафет не ги откри причините
за продажба на акциите.
Некои инвеститори
го гледаат потегот на Бафет како знак на неговите сомнежи за американската
економија во контекст на инфлацијата и високите каматни стапки. Други ги
толкуваа неговите потези како одраз на намалената доверба во берзата, која тој
ја опиша како „казино“. Претходно оваа година, Беркшир го намали својот удел во
Apple на половина.