„Јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок“, реагира компанија, по објавата на ДУИ дека новиот директор Бурим Љатифи потрошил 15.000 евра за набавка на калемени рози.<br>
Новиот менаџерски тим оценил дека набавката за хортикултурно уредување не е неопходна и за истата нема да се доставуваат нарачки.
„До овој момент не постојат финансиски импликации по однос на оваа спогодба и уверуваме така ќе биде до истекот на спогодбата“, се вели во соопштението.
МЕПСО смета дека „ денешната прес конференција е само блед обид на ДУИ преку напади на кадрите на Села, компанијата да ја вовлече во партиски препукувања“.
„Инаку ова не е прв пример за непотребно трошење пари од страна на претходниот менаџерски тим ако се знае дека од буџетот на компанијата се трошеле пари за донации и спонзорства и таму каде што не било неопходно при што за оваа намена буџетот е пречекорен за околу 10 милиони денари“, се вели во реакцијата на МЕПСО.