Новинарка денеска го налути албанскиот премиер Еди Рама, кога го праша во кое својство на двата самита, одржани во Тирана, присуствувал и Алекс Сорос.
На крајот од прес-конференцијата, со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, новинарката Амброзија Мета го праша Рама „зошто Алекс Сорос мора да биде присутен не само на самитот, туку и на семејната фотографија“.
-Заборавил да те праша тебе, отсечно и видно нервозно одговори Рама.
За време на двата самита, беше забележано учеството на Алекс Сорос, син на филантропот Џорџ Сорос, кој стоеше зад Рама на состаноците на Самитот. Исто така е и на фамилијарната фотографија на која се сите високи државни функционери од регионот и ЕУ.