Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата

21 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според албанските медиуми Мета се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана во моментот на извршување на наредбата на СПАК.

Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на распит за случајот ЧЕЗ-ДИА. Станува збор за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша а ја приватизира албанската Електродистрибуција, договор кој потоа беше раскинат. И во 2022 година, Мета беше пријавен во СПАК од страна на поранешниот пратеник Халит Валтери.

Мета и неговата сопруга Моника Круемади, кои се во фаза на развод, исто така се под финансиска истрага, како и во врска со прашањето за лобирање во САД.

Мета (55) беше шеф на албанската држава во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ