Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Се породи мајаката на исчезнатото девојче Данка Илиќ, родила син

25 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мајката и бебето се добро, а тоа го потврди и мајката на Данка, Ивана Илиќ.

- За случајот на Данка не знаеме апсолутно ништо. Немаме информации, се породив, родив син, и бебето и јас сме добро -  изјавила кратко Ивана.

За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по десетдневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено, објави Информер.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ