Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Полицијата го влече екс претседателот Илир Мета од лимузина, тој се противи (ВИДЕО)

21 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Уапсен е на влезот во Тирана додека се движел кон местото каде што требало да одржи прес-конференција, а според информациите, најверојатно е уапсен поради случајот со кој бил поврзан за корупција и одбивање да пријави имот, јавува Јуронуз Албанија.

Адвокатот на Мета се повика на снимката прикажана од локалните медиуми на која се гледа како маскираната полиција запира црн автомобил и го изнесува Мета, кој изгледа како да дава отпор.

Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој рече дека станува збор за политичко апсење.

„Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, ниту документи, но ги извршија наредбите на (албанскиот премиер) Еди Рама, кој со сите средства се обиде политички да го елиминира Илир Мета, а можеби и физички. Еди Рама, како што јас го осудив во минатото, е вмешан во исчезнувањето на лица на незаконски, противуставен начин“, рече Бериша.

Илир Мета претходно неколку пати беше повикан од СПАК во Обвинителството, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање.

Мета најави дека денеска во 13 часот и 40 минути ќе одржи прес-конференција, но пред тоа е уапсен.

Претходно австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави дека Илир Мета и ЛСИ (сега Партија на слободата) платиле 700.000 долари за лобирање во САД.

Таканаречениот случај ЧЕЗ ДИА потекнува од 2009 година, а девет приватни фирми добиле 12 милиони долари од ЧЕЗ од договорот за наплата на неплатени долгови.

Најголем дел од средствата добил „Дебт Интернационал Менаџмент“ со администратор Кастриот Исмаили.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ