Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле малата Данка Илиќ (2), а најновото откритие од истрагата ја запрепасти јавноста. Двајца работници на „Водовод“ од Бор го признале убиството на малата Данка Илиќ, а деталите од истрагата продолжуваат да ги шокираат сите во Србија.
Шефот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Цмолиќ во јавноста изнесе шокантно откритие. Имено, откако ја удриле малечката со автомобилот, тие мислеле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и се разбудило во еден момент!
– Според нивните изјави застанале да одат во тоалет во близина на куќата. Кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. Чудното движење на нивното возило било снимено на ГПС. Приказните за давењето на детето не им се поклопуваат, бидејќи детето се разбудило додека возеле, а сопатникот ја задавил Данка. Но тие не можат да се договорат кој го задавил детето, а подоцна го фрлиле во депонија, изјави началникот.
Открил и дека деноноќно се собираат докази.
- Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се согласуваат за деталите за ударот, но не се согласуваат за самото убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобилот, а тие мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, а еден од нив ја задавил и на крајот се ослободиле од телото на депонијата, се вели во изјавата на Цмолиќ.