Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Хрватска прогласи тројца црногорски политичари за непожелни

25 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Одлуката на МНР на Хрватска се однесува за Андрија Мандиќ, претседател на Парламентот на Црна Гора, Милан Кнежевиќ пратеник во Парламентот на Црна Гора и Алекса Бечиќ, вицепремиер на Црна Гора.

-Министерството за надворешни и европски работи изразува жалење што мнозинството во Собранието на Црна Гора одлучи да ги игнорира континуираните повици на Република Хрватска да не презема потези ш можат негативно да влијаат на нашите билатерални односи и на европскиот пат на Црна Гора.

Во тој контекст, се издвојуваат постапките на споменатите политички функционери, кои нивните постапки не можат да се сметаат за добронамерни и добрососедски во однос на Република Хрватска, ниту пак се во согласност со декларираната цел за членство на Црна Гора во Европската Унија, наведуваат од МНР на Хрватска.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ