Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Грција ќе набави од САД 20 воени авиони Ф-35

25 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Писмо за прифаќање (Letter of Acceptance) за набавка на 20 воени авиони Ф-35 било потпишано од Генералниот директорат за одбранбена опрема и инвестиции на Министерството за национална одбрана на Грција и испратено до САД, соопшти денеска министерот за одбрана Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Писмото за прифаќање е откако програмата беше одобрена од владиниот совет за национална безбедност (КИСЕА), а според надлежното грчко Министерство предвидена е набавка на 20 авиони F-35 A Lighting II и соодветната опрема, со право за нарачка на дополнителни 20.

Испораката на првите воени авиони од петтата генерација се проценува дека ќе биде во 2028 година.

Министерот за национална одбрана Никос Дендиас рече дека „денес е добар ден за грчкото воено воздухопловство, за грчките вооружени сили и за Министерството“, а земјата ќе ги набави „најмодерниот авион на планетата денес“ и го добива „првиот авион од петтата генерација“.

Објасни дека на испратеното писмо му претходеше одлуката на КИСЕА, известување на грчкиот Парламент и надлежната комисија, а сега со дописот „се означува почетокот на преговорите за договор“, за кои изрази надеж дека набргу ќе бидат завршат. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ