Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Вирџил ван Дијк е на врвот на негативна Топ листа на ЕУРО

7 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Капитенот на Холандија Вирџил ван Дијк направил најмногу прекршоци од кој било учесник на ЕП 2024 досега. Дефанзивецот на Ливерпул има направено 12 фаули на пет натпревари. За ова доби жолт картон.

Голема е веројатноста Ван Дијк да го заврши првенството дури и на врвот на оваа негативна ранг-листа, бидејќи играчите веднаш зад него или веќе испаднаа или не е јасно дали воопшто ќе играат.

Со 11 грешки, Германецот Роберт Андрих е на второто место, но тој го заврши учеството, истото важи и за Адам Черин (Словенија) и Штефан Пош (Австрија), кои направиле по 10 прекршоци. Со 8 прекршоци е Робен Ле Норман од Шпанија, но е суспендиран за претстојното полуфинале против Франција.

Така реално, се чини дека само Алваро Мората може да го стигне Ван Дијк. Напаѓачот има и 8 прекршоци на своето конто, но изгледа како сигурен стартер за средбата со „петлите“ во вторник.

Ван Дијк и Холанѓаните во среда имаат полуфинале против Англија.

Доброто за Ван Дијк е што според правилата на УЕФА за полуфинале, еден досега добиен жолт картон е поништен. Тоа значи дека и официјално повторно да биде предупреден, капитенот на крајот ќе може да ги извади „лалињата“ во мечот за трофејот во Берлин.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ