На Барселона ѝ беше поништен гол во 13. минута на гостувањето кај Реал Сосиедад при резултат 0:0 во 13. коло од Ла Лига. Роберт Левандовски беше стрелец, но по проверката на ВАР, судијата го поништи голот на гостите.
Оваа ситуација можете да го погледнете ТУКА.
Веднаш беше објавено видеото кое требаше да ја оправда судиската одлука, но се покажа спротивно. Имено, Левандовски беше во дуел со домашниот стопер Агуерда, а по прегледувањето на видеото од ВАР, може да се види дека тој со врвот на копачката беше во недозволена положба.
Сепак, Барселона е оштетена. ВАР системот погрешно го препозна стапалото, односно го окарактеризираше стапалото на Агуердо дека е од Левандовски. Легендарниот Полјак беше речиси половина метар во дозволената позиција. Реал Сосиедад славеше со 1:0.