Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Црвена Звезда спрема најголем трансфер во историјата!

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Српскиот шампион Црвена Звезда се спрема за најголемиот трансфер во историјата на клубот. Клубот работи на продажба на талентираниот Андрија Максимовиќ. За него се интересира Борусија Дортмунд, а „Билд“ пишува дека сега тој е поблиску до Ливерпул, пренесува „Билд“.
Максимовиќ во октомври оваа година дебитираше за А репрезентацијата на Србија во победата против Швајцарија, а во септември остави добар впечаток на мечевите на Звезда против Партизан и Интер.

Се зборува за понуди околу 15 милиони евра што за Звезда би претставувало уривање на трансферниот рекорд кога е во прашање продажбата на играчи. Досегашниот рекорд го држи напаѓачот Горан Друлиќ кој бил продаден на Сарагоса за 13 милиони евра во сезоната 2001/02.

Инаку, Звезда и Ливерпул претходно тргнуваа во јануари 2016 година кога Марко Грујиќ замина на „Енфилд“ за седум милиони евра.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ