Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Тен Хаг е сигурен дека раководството има комплетна доверба во него

30 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Менаџерот на Манчестер Ј, Ерик тен Хаг и вчера по поразот на домашен терен од Тотенхем навести дека сопственикот на клубот, Сер Џим Ретклиф ќе застане на негова страна и покрај лошиот почеток на сезоната.

Холандскиот стратег кој го продолжи договорот со клубот во текот на летото и покрај шпекулациите дека ќе добие отказ се уште се чувствува сигурен на менаџерското столче во тимот.

„Црвените ѓаволи“ имаат само две победи во првите шест натпревари во Премиер лигата, но и покрај лавината револт кај навивачте, од клупското раководство се уште стојат зад кормиларот на тимот.

Поранешниот менаџер на Ајакс се наоѓа под притисок, но излегува дека навистина сè уште ја има поддршката од хиерархијата на Јунајтед, откако одлуката за негово останување беше донесена во текот на летото.

„Не, не размислувам за отказ“, рече 54-годишниот стратег на прашањето за неговата иднина. „Сите ја донесовме оваа одлука да останеме заедно. Исто така, направивме јасен преглед што треба да подобриме како организација и како да изградиме тим. Сите одлуки се донесени заедно, исто така знаејќи дека ќе треба некое време за целиот процес. Сите сме на иста страна“, вели Холанѓанецот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ