Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Штутгарт се спаси од пораз во 100. минута

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Штутгарт кои се актуелни вицешампиони на Германија, едвај се спасија од пораз на вечерашниот меч од шестото коло во Бундеслигата. На домашен терен, Штутгарт го пречека Хофенхајм, но иако беа големи фаворити на крајот со многу среќа ремизираа 1:1.

Хофенхајм поведе во 45. минута преку Гендри, а домашните успеаја да се спасат од пораз дури во 10. минута од судиското продолжение, кога Демировиќ биеше од пенал, голманот Бауман одбрани, но репрезентативецот на Босна и Херцеговина ја собра топката и од втора ја испрати  во мрежата, за конечни 1:1.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ