Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Реал нема пораз во Ла Лига на 41 меч, се приближува до апсолутниот рекорд

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Foto> Twitter/Real Madrid

Реал Мадрид го совлада Виљареал со 2:0 во 9 коло на Ла Лига и со тоа ја продолжија својата серија без пораз во шпанскиот шампионат која трае од 24 септември 2023 година. Серијата на Реал без пораз изнесува 41 натпревар.

На „Кралевите“ им требаат уште два меча за да го изедначат апсолутниот рекордот кој го држи лутиот ривал Барселона во периодот од 2017 и 2018 година.
Реал во наредните три кола ќе игра со Селта во гости, па со Барселона на свој терен, па со Валенсија во гости.

Инаку во тие 41 натпревар во Ла Лига, Реал има 30 победи и 11 ремија.

Во топ 5 лигите во Европа, најдолгата серија без пораз ја држи Милан од 58 натпревари во период од 1991 до 1993 година. Следува Баерн Минхен со 53 во период од 2012 до 2014 година, па Арсенал од 49 натпревари помеѓу 2003 и 2004 година, па Ливерпул со 44 од 2019 до 2020 година…


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ