Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Реал Мадрид директно во финалето на Светското клупско првенство

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во декември Реал Мадрид ќе игра на Интерконтиненталниот куп, односно за трофејот наменет за светскиот клупски шампион.
ФИФА го одреди распоредот, а за разлика од минатите години Реал Мадрид ќе игра директно во финалето место да почне во полуфиналето како што беше претходно.

Турнирот ќе го отворат Ал Аин и Оукленд Сити, а мечот ќе се игра во Ал Аин. Следуваат полуфинални натпревари, едниот во Доха каде ќе се соочат победникот во Копа Либертадорес и мексиканскиот Пачука, а во другото во Каиро ќе играат Ал Ахли од Египет и победникот од Ал Аин и Оукленд.
Победниците од полуфиналињата одат во финалето на мини-турнирот и победникот ќе игра во супер-финалето каде што ќе игра против Реал Мадрид на 18 декември во Доха, Катар.
Инаку во 2025 година ќе стартува новоформираното Светско клупско првенство на кое ќе учествуваат 32 клубови од светот и ќе се игра секои четири години. Па „старото“ Светско клупско ќе го врати името Интерконтинентален куп во кој секоја година ќе учествуваат шампионите на шесте светски конфедерации плус шампионот на земјата домаќин.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ