Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ова е табелата по 2.коло во ЛШ: Дортмунд, Брест, Бенфика…Реал дури на 17.место! (ФОТО)

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Откако вчера се одиграа и последните мечеви во рамките на 2.коло во Лигата на Шампионите, според новиот формат, сега и дефинитивно може да се види и табелата за тоа кој тим на кое место се наоѓа по два одиграни меча. Дортмунд е прв со 6 бода, но и со неверојатна гол – разлика од +9 голови. Сензационално “малиот“ Брест е втор со максимален број бодови и со гол разлика од +5. Со сите 6 бода се и Бенфика, Леверкузен, Ливерпул, Астон Вила и Јувентус.

Осми е Манчестер Сити, а погледнете каде се гигантите. Интер е деветти, Арсенал на 13. место, Баерн на 15-ти, Барселона е 16-та, Реал дури 17-ти, а ПСЖ е на 18.место, додека Атлетико Мадрид е на 23.место. Се разбира дека табелата ќе претрпи драстични измени во следните шест кола колку има да се играат во оваа фаза од новиот формат во ЛШ.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ