Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ојарзабал гневен на навивачите на Андерлехт: Тие се идиоти! (ВИДЕО)

4 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал го осуди однесувањето на навивачите на Андерлехт на мечот во Баскија, нарекувајќи го „идиотско“.

Навивачите на Андерлехт беа ужасно насилни на гостувањте кај Реал Сосиедад, кршејќи столчиња на трибините и фрлајќи ги кон домашните навивачи на Сосиедад. Според шпанските медиуми, осум гостински фанови биле уапсени од шпанската полиција.

„Осудувам такви работи. Тоа не смее да се случи. Луѓето си одат дома затоа што четворица идиоти фрлаат работи. УЕФА треба да направи чекор напред решавајќи ги ваквите настани, но тие не направија ништо. Ова е јасна порака до УЕФА. Мора да направат нешто“, вели Ојарзабал.

По натпреварот Андерлехт се извини за однесувањето на своите навивачи.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ