Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Одлуката е донесена: Вирџил ван Дајк е пред потпис на нов договор

26 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ливерпул во последните недели и месеци се обидува да потпише нови договори со своите клучни играчи, а се чини дека еден конечно е решен. Тоа е Вирџил ван Дајк.

Денеска Ливерпул на домашен терен ќе ги одмери силите со Лестер во 18. коло од Премиер лигата. На денот на натпреварот против поранешниот шампион на Англија има голема вест за навивачите на црвените, а се однесува на Вирџил ван Дајк.

Шпанска Марка истакнува дека Вирџил ван Дајк одлучил да потпише нов договор со Ливерпул и дека тоа ќе го направи многу брзо.

Според новиот договор кој очигледно ќе биде потпишан, Вирџил ван Дајк ќе остане на „Енфилд“ најмалку до летото 2028 година.

Вирџил ван Дајк пристигна во Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон, кој тогаш доби 85 милиони евра обештетување.

Преговорите околу новиот договор траат веќе неколку месеци, а претходните предлози на челниците не ги задоволија вкусовите на Холанѓанецот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ