Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Норвешка станува првата држава која ќе го деинсталира ВАР системот!?

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Норвешка е на пат да стане првата држава со Европа која ќе го деинсталира ВАР системот во фудбалот. Системот беше инсталиран во норвешката лига во април минатата година меѓутоа по само три месеци наиде на сериозни критики. Иднината на системот во Норвешка ќе биде одлучена на 25 март идната година на генералното собрание на Фудбалската федерација на Норвешка.
Норвешката лига се игра од пролет до есен. ВАР беше претставен во април минатата година, а набргу го критикуваа навивачи, судии и фудбалери. Критиките се наводно за технички проблеми и големите паузи на натпреварите поради видео прегледувања и анализа на ситуациите.

Десет клубови од најсилната лига и пет од пониските лиги отворено се против употребата на ВАР. Во Норвешка навивачите неколку пати протестираа против ВАР фрлајќи предмети на теренот, а на мечот меѓу Бран и Хагесунд на 13 јули судијата мораше да го прекине мечот откако автомобил на далечинско и со црвено знаменце управуван од навивач помина преку теренот.
Тие веруваат дека ВАР ја „убива“ драмата и тензијата на стадионите.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ