Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Некогашната ѕвезда на Реал, Хесе Родригез потпиша за шампионот на Малезија

5 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и голема надеж на шпанскиот фудбал ќе игра во Малезија. Локалниот клуб Јохор Дарул Тазим соопшти дека потпишале договор со 31-годишниот крилен напаѓач како слободен играч откако му истече договорот со Куритиба од Бразил.
Хесе е дете на Реал Мадрид, со „кралевите“ освои шест титули вклучувајќи две во ЛШ. Потоа отиде во ПСЖ и неговата кариера почна да се движи во надолна линија. Не се снајде во францускиот тим, ни во Лас Палмас, ни Стоук, Бетис, Спортинг Лисабон, Анкарагучу и Сампдорија.
Инаку Јохор Дарул е бранител на титулата и моментално е лидер во малезискиот шампионат по 11 кола. Клубот игра и во азиската Лш.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ