Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ: Селтик се одбрани во Бергамо, Баер (Л) само до бод во Франција (ВИДЕО)

23 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на селтик оддолеаа на сите напади и шанси креирани од страна на екипата на Аталанта и извадија реми (0:0) на гостувањето во Италија вечерва во еден од двата воведни меча од програмата во 3. коло на Лигата на шампионите.

Аталанта беше далеку подобар тим вечерва, но ниту една од седумте големи шанси кои ги имаше тимот на тренерот Гасперини не заврши во мрежата на одличниот гостински голман, Шмајхел. За Аталанта ова беше второ реми во ЛШ сезонава, додека Селтик по една победа и еден пораз за првпат освои само бод во меч од новата сезона на ЛШ.

Без победник заврши и мечот во Франција. Брест и Баер (Л) одиграа нерешено 1:1. Двата гола беа постигнати во првиот дел. Најпрво гостите поведоа преку Флоријан Вирц во 24. минута, по што следуваше израмнување во 39. минута. Домашните погодија преку Мелу за 1:1.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ