Репрезентацијата на Фарските Острови вечерва беше на праг да направија изненадување против Ерменија, но не успеа да ја задржи предноста од 2:1. Ерменците израмнија во 93. минута и останаа во трката за првото место во групата во која Македонија е лидер.
Најголемото изненадување во Лигата на нации вечерва се случи во Лондон на „Вембли“, каде Грција предводена од српскиот стратег Владимир Јовановиќ ја совлада Англија за првпат во историјата на гости со 2:1. Грците вечерва се потсетија на 2004 година кога ја освоија Европа и покажаа дека не заборавиле да играат фудбал. Херој на гостите е Вангелис Павлидис кој ги постигна двата гола за Грција во 49. Минута и во 94. минута од мечот.
Англичаните успеаја да израмнат на три минути пред крајот на натпреварот со голот на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем.