Килијан Мбапе од почетокот на сезоната се бори со психoлошки проблеми. Oва денеска го објави угледниот француски весник „Л’Екип“. Според информациите до кои дошле новинарите на весникот, напаѓачот на Реал Мадрид имал психички проблеми по патувањето во Стокхолм во октомври.
„Наречете го како сакате, но Килијан веќе неколку месеци има психолошки проблем. Овие работи не се случуваат сами по себе. Потребно е време и работа, а тоа се прави заедно со специјалисти“, вели човек кој секојдневно комуницира со капитенот на француската репрезентација.