Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛЕ: Лацио ја декласира Ница, Тотенхем славеше кај Ференцварош…

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вечерва од терминот од 18:45 се одиграа девет средби од 2.коло во Лигата на Европа во новиот формат. Еден од фаворитите оваа сезона, тимот на Лацио со 4:1 просто ја декласира Ница и тоа со головите на Педро, Кастељанос два и Закањи. Ова е втора победа на Лацио во вториот меч.

Хофенхајм со 2:0 славеше против Динамо Киев, а Олимпијакос со 3:0 беше убедлив дома против Брага.

Тотенхем како гостин освои три бода кај Ференцварош со 1:2 и тоа со головите на Сар и Џонсон, додека за домашните погоди Варга во 90.минута.

На останатите средби се постигнаа следните резултати: Макаби Тел Авив – Митјиланд 0:2, Карабах – Малме 1:2, Сосиедад – Андерлехт 1:2, РФС – Галатасарај 2:2, Славија Прага – Ајакс 1:1.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ