Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ханси Флик: Одигравме фантастичен меч, ова е Ла Масија!

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Барселона синоќа во меч од 3.коло во Лигата на Шампионите одигра феноменално, веројатно најдобро откако Ханси Флик е на клупата на каталонскиот гигант и успеа со 4:1 да го победи силниот Баерн Минхен. По ваквата победа секако дека стратегот Ханси Флик, инаку Германец и екс стратег на “баварците“ беше пресреќен.

Одигравме фантастичен меч против силниот Баерн Минхен. Секако дека сум презадоволен, посебно од фактот дека настапија многу млади играчи, да, ова е Ла Масија. Да кажам дека нашиот потенцијал е уште поголем од тоа што беше прикажано на теренот. Ваква победа заслужува да се слави, секако дека ќе ја подигне нашата самодоверна на уште поголемо ниво во пресрет на Ел Класико и дуелот со Реал Мадрид. Да кажам дека сум воодушевен од Марк Касадо, едноставно одигра неверојатебн меч“ истакна по мечот стратегот на Барселона.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ