Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Халанд урна рекорд во Словенија, па ги изненади своите соиграчи!

11 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Ерлинг Халанд/Инстаграм

Ерлинг Халанд ја потврди својата блескава форма оваа сезона со историскиот подвиг во норвешката репрезентација. Тој постигна два гола за домашна победа од 3:0 над Словенија во Лигата на нации.

Во својот 36. настап за репрезентацијата постигна дури 34 гола и стана најдобар стрелец во историјата на норвешката репрезентација. Веќе импресивен подвиг е уште поголем со фактот што Халанд го постигна на 24-годишна возраст и го собори рекордот на Јорген Јове од 1937 година.

Но, вистинската прослава и шок допрва требаше да дојде. По натпреварот, Халанд се врати на тревникот на стадионот во Осло, ја стави топката под дресот во пределот на стомакот и палецот во устата и им позираше на фотографите. Тој веднаш ја објави сликата на социјалните мрежи и најави дека ќе има дете. Ова беше изненадување за сите во тимот, никој претходно не знаел дека наскоро ќе стане татко.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ