Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Кејн: Тренерот ни рече да бидеме немилосрдни, сакавме да дадеме 11 гола!

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Динамо Загреб го претрпе најголемиот пораз во својата историја во првото коло од Лигата на шампионите. На гостувањето во Минхен против Баерн, хрватскиот шампион беше поразен со огромни 9:2 и со тоа стана првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој примил девет гола на еден натпревар.

Прв стрелец на натпреварот беше Хари Кејн, кој постигна четири гола, од кои три од пенал.

„Сакавме да влеземе силно и мислам дека успеавме. Од почеток до крај, освен овие пет минути на почетокот на вториот дел, бевме добри и убедливи. Сакавме да продолжиме со добрата форма, овој резултат го потврдува тоа, Тренерот ни рече да бидеме немилосрдни. Првиот, вториот, третиот и четвртиот гол беа како на лента. Дојдовме до девет, а сакавме 10 и 11, мораме така да продолжиме“, изјави Кејн за Арена Спорт. 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ