Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Голманска „експертиза“ на Хендерсон и Онана

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Кристал Палас/Твитер

Фудбалерите на Кристал Палас и Манчестер Јунајтед ремизираа во меч без голови.  Неверојатен дуел полн со шанси, а сепак мрежите мируваа. Причината за такво нешто лежи во двајцата голмани Дино Хендерсон и Андре Онана.

Манчестер Јунајтед беше многу поблиску до водство, Хендерсон или конструкцијата на голот беше сојузник на Кристал Палас.

Јунајтед дури двапати во еден напад успеа да ја погоди гредата, често создаваше зрели ситуации, но опасен беше и Палас и се издвојува 65. минута кога Андре Онана со двојна одбрана ги спречи домашните да постигнат гол. Неверојатна реакција при вториот обид кога ја испроба Исмаила Сар.

Дин Хендерсон го заврши натпреварот со дури седум одбрани, Јунајтед беше подоминантен во секој сегмент од играта, но залудно кога нема голгетер.

Јунајтед по пет кола има седум бода, Палас има само три.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ